Дома Македонски спорт Мак фудбал Куп на Македонија: Ренова се изнамачи во Гевгелија, Шкендија конечно одигра добар натпревар

Куп на Македонија: Ренова се изнамачи во Гевгелија, Шкендија конечно одигра добар натпревар

0

Денес шампионот на Македонија Шкендија оствари победа во Купот на Македонија со убедливи 4:1.

Сите прволигаши забележаа победи, а најтешки мини лидерот на актуелната тебалеа Ренова која после пенали се радуваше против Кожув во Гевгелија.

Шкендија имаше очајно европско лето, а лошо стартуваше и во првенството каде што на два натпревари има два порази, а сега конечно Тетовци одиграа добар натпревар. Погодоците за Шкендија во триумфот од 4:1 ги постигнаа Фелипе, Имери, Ибраиме и Реџепи.

Ренова со гол во финишот се спаси да не испадне од Кожуф (3:3), за потоа да забележи победа во пенал рулетот.

Резултати од денешните натпревари.

Фортуна – Силекс 0-4

Охрид – Беласица 5-4 на пенали, 1-1

Кожув – Ренова 3-4 на пенали, 3-3

Кравари – Лабуништа 1-4

Тетекс – Шкупи 1-5

Локомотива – Струга Трим Љум 1-5

Влазерими – Работнички 0-4

Превалец – Борец 0-4

Осогово – Победа 1-0

Гостивар – Шкендија 1-4

Вардар својот натпревар го игра на 28-ми август против Каменица Саса.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Официјално: Стадионот во Струмица го промени името во „Благој Истатов“

Стадионот „Младост“ во Струмица ќе го носи името на македонската легенда, Благој Истатов. …