Дома Фудбал Куман може да биде суспендиран на 12 натпревари

Куман може да биде суспендиран на 12 натпревари

Тренерот на Барселона, Роналд Куман се соочува со суспензија од 12 натпревари поради критиките кои ги упати кон судијата после Ел Класико.

Холандскиот стручњак никако не можеше да ја прифати одлуката на главниот судија кој досуди пенал за Реал после дуелот меѓу Ленгле и Серхио Рамос.

Поради тоа Куман јавно го критикуваше судијата Мунуера, а за тоа може да биде казнет бидејќи веќе е отворена дисциплинска постапка.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Холанѓанецот се соочува со суспензија од 4 до 12 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гужва во хрватскиот втор ранг: Осум екипи во четири бода, Вуковар тоне

Младост Ждралови е лидер по 11 кола, но конкуренцијата е збиена. Вуковар, кој минатата сез…