Дома Фудбал Куман доби ултиматум од Лапорта

Куман доби ултиматум од Лапорта

Тренерот на Барселона, Роналд Куман добил ултиматум од 3 натпревари во кои треба да го подигне нивото на игра на тимот, пренесува каталонски „Спорт“.

Барселона синоќа беше убедливо поразена од Баерн Минхен во ЛШ, а раководството е загрижено поради бледата игра на тимот.

Претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта, одржал итен состанок со тренерот Куман, кој траел до доцна во ноќта.

Барселона бара од Куман веднаш да реагира и да го подигне нивото на игра на тимот, бидејќи нема повеќе да толерираат натпревари како тој синоќа против Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал го следи Тресолди: Младиот голгетер привлекува сè поголемо внимание

Николо Тресолди е на радарот на Арсенал, но Клуб Бриж не планира јануарска продажба и бара…