Дома Македонски спорт Мак фудбал Куманово остана без уште еден фудбалски терен – го изорале!

Куманово остана без уште еден фудбалски терен – го изорале!

„Куманово остана без уште еден фудбалски терен“, реагираат денеска од Фудбалскиот клуб Куманово откако викендов беше изоран фудбалскиот стадион МИО.

Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме реакцијата на клубот:


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


„Иако во Куманово недостасуваат тревнати фудбалски терени и има потреба од нови фудбалски терени,за жал кумановски деца останаа уште без еден терен.

Како наводно дознаваме концесионерот, кој концесија доби од државата пред повеќе од 20 години и на кој концесијата е во завршна фаза да му се раскине и да се даде на владение на општина Куманово со одлука на влада како впрочем и сите спортски објекти во државата. Концесионерот во сабота рано наутро од непознати причини го изорал фудбалското игралиште на кое дневно тренираат околу 150 деца.

Дали вака концесионерите ги одржуваат фудбалските терени? Вака ли се реконстриира фудбалски терен? Со вакви ли концесионери тренери ке го развиваат фудбалот и спортскиот дух кај децата?“ – стои во реакцијата на ФК „Куманово.

Извор+фото: Кумановски муабети

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар немоќен во Тетово, дербито за Шкендија!

Без разлика на позициите на табелата, натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар секогаш ќе прив…