Дома Фудбал Круниќ и Далот обезбедија победа за Милан против Верона 🎥

Круниќ и Далот обезбедија победа за Милан против Верона 🎥

Mилан денес на „Бентегоди“ ја совлада Верона со 2:0 и ја продолжи борбата за Скудетото.

„Росонерите“ денес беа без Златан Ибрахимовиќ, но успеаа да го совладаат незгодниот домаќин. Раде Круниќ со прекрасен гол од слободен удар го доведе Милан во водство после нешто помалку од половина час игра.

Прашањето на победникот беше решено во 50. минута кога Далот погоди за 0.2.

Во останатите два натпревари кои се играа во ист термин Фиорентина и Парма одиграа 3:3, а Кротоне го победи Торино со 4:2. Претходно Рома минимално ја победи Џенова со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…