Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Крос е вистински фудбалски џентлмен: Не заборави да му се извини на Педри

Крос е вистински фудбалски џентлмен: Не заборави да му се извини на Педри

Германската репрезентација вчера беше елиминирана од Европското првенство со поразот од Шпанија во четвртфиналето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Елиминацијата на Германија значеше и крај на кариерата за легендарниот Тони Крос. Фудбалерот за врска го одигра својот последен натпревар како што најави и пред турнирот.

Еден ден по натпреварот Германецот имаше емотивно обраќање во кое не заборави и да му се извини на Педри кого го повреди по еден дуел на стартот на мечот. Според најавите Педри го чека пауза од шест недели.

„Кон крајот на септември лани ми се јави Нагелсман и веднаш знаев дека повикот е да се вратам во репрезентацијата. Умот велеше не, но срцето кажа „да“. Првата помисла утрово беше дека сум среќен што направив таква одлука, без разлика на тагата по последниот судиски свиреж.

Не очекував дека за толку краток период ќе се вратиме на исто ниво со најдобрите. Горд сум на постигнатото, цела Германија треба да биде. И една последна, но многу важна работа: Извини Педри и оздрави наскоро! Јасно е дека не сакав да те повредам. Брзо закрепнување и се најдобро. Ти си одличен фудбалер“, објави германскиот ветеран.

Ќе потсетиме, Шпанците во полуфиналето ги чека натпревар против Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Се појави снимка поради која целиот свет мисли дека резултатот меѓу Алжир и Австрија е договорен (Видео)

Со поделба на бодовите (3:3) во последниот натпревар од групната фаза, фудбалерите на Алжи…