Дома Останати Ракомет Криштопанс: Вардар уште ми должи пари, пред да заминам слушавме ветувања кои не исполнуваа

Криштопанс: Вардар уште ми должи пари, пред да заминам слушавме ветувања кои не исполнуваа

Летонецот Даинис Криштопанс веќе неколку месеци не е играч на Вардар.

Криштопанс имаше договор да остане во Вардар до крајот на сезоната, па потоа да се приклучи на ПСЖ меѓутоа поради финансиската ситуација тој предвреме си замина и некое време помина во Фуксе Берлин. Сега пред да започне неговата авантура во ПСЖ новинарите се уште го прашуваат за Вардар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој имаше интервју за рускиот медиум „Брз центар“ во кое помеѓу другото зборуваше Вардар.

„Вардар ми должи пари, Самснонеко вети дека ќе ми исплати се до крајот на година. Се надевам ќе биде така. Последен пат со некој од Вардар разговор со Глеб Калараш додека бевме во Берлин во карантин“.

Криштопанс отворено зборуваше и каква била атмосферата пред да замине.

„Атмосферата беше се потажна, слушавме ветувања кои не се исполнуваа. Знаевме дека Михајло Михајовски ќе го превземе клубот. Него повеќе го интересираше што ќе се случува наредната сезона, тогаш дојде понудата од Берлин и ја прифатив“, изјави Криштопанс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…