Дома Фудбал Франција Критики за триото на ПСЖ: Кога Меси, Нејмар и Мбапе ќе изгубат топка им треба такси да се вратат назад

Критики за триото на ПСЖ: Кога Меси, Нејмар и Мбапе ќе изгубат топка им треба такси да се вратат назад

Ремито на ПСЖ против Клуб Бриж е една од главните теми после одиграните натпревари во Лигата на шампионите.

Во овој натпревар Меси, Нејмар и Мбапе за првпат настапија заедно на теренот. Се очекуваше ПСЖ да слави, но Бриж успеа да извлече 1:1.

По овој натпревар тимот на ПСЖ доби критики од разни поранешни фудбалери кои ја критикуваа играта на Светците. Еден од критичарите беше и Омар да Фонсека кој е поранешен тренер на ПСЖ.

Тој смета дека за ПСЖ е проблем што Меси, Нејмар и Мбапе не се враќале назад.

„Кога во нападот ќе ја изгубат топката на ова трио му треба такси да се врати назад. Паредес и Вајналдум како да не беа на теренот. Ако сака Покетино да игра со сите тројца, потребни му се играчи во средината кои можат да ја зачуваат топката, како и плејмејкер кој ќе биде клучен во разигрувањето. Нормално дека не мора да бидат Чави и Иниеста, меѓутоа нешто мора да се промени“, смета поранешниот тренер на клубот од Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Невил: Овој Манчестер Јунајтед не е ниту блиску до тим за титула во ПЛ

Гери Невил е еден од оние кои го критикуваат Оле Гунар Солскјер за играта која ја прикажув…