Дома Фудбал Репрезентации Креспо: Икарди не е во репрезентацијата поради Меси и тоа е голема грешка

Креспо: Икарди не е во репрезентацијата поради Меси и тоа е голема грешка

Легендарниот фудбалер на Аргентина Ернан Креспо смета дека Аргентина на наредниот Мундијал нема да биде толку добра доколку Мауро Икарди биде изоставен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Креспо е голем почитувач на играта и квалитетите на Мауро Икарди.

„Доколку јас сум во Интер, никогаш не би г продал Икарди. Каков знак би било тоа за навивачите кога би го продале најдобриот играч?“, запраша Креспо и продолжи:

„Во казнетиот простор Икарди нема конкуренција. Кога ќе добие топка тој е смртоносен. Покрај Меси и Роналдо, многу фудбалери се борат за третото место, а јас тука би го сместил и Икарди“.

„Колку што гледам се изоставува бидејќи не е пријател со Меси или можеби се лажам? Верувам дека тоа би било голема грешка, Аргентина има потреба од напаѓач каков што е тој“, смета Креспо.

Икарди оваа сезона навистина е смртоносен за голманите во Италија, но и покрај тоа големи се шансите да не биде дел од Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вардар ќе биде ослабен против КуПС!

Вардар утре ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лига…