Дома Трансфер зона Крај на шпекулациите: Чалханоглу останува во Милан

Крај на шпекулациите: Чалханоглу останува во Милан

Tурскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу донесе одлука за својата иднина – ќе остане во Милан!

Фудбалерот на Милан има договор до крајот на сезоната и многу се шпекулираше со неговата иднина.

Меѓутоа изгледа дека на крајот е постигнат договор, Хакан вчера бил на состанок со директорите во „Каса Милан“ и ги договорил последните детали.

Пред неколку дена неговиот агент постигнал договор со „росонерите“ за продолжување на договорот и годишна плата од 4,5 милиони евра плус бонуси.

„Скај Италија“ пренесува дека Чалханоглу наскоро ќе стави потпис на договорот и ќе има официјална потврда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Хари Кејн бира помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед

Хари Кејн ќе остане во Премиер лигата, иако големи се шансите да го напушти Тотенхем ова л…