Дома Фудбал Англија Крај на шпекулациите – познато е кој ќе го води Арсенал следната сезона!

Крај на шпекулациите – познато е кој ќе го води Арсенал следната сезона!

Менаџерот со најдолг стаж во Премиер лигата, Арсен Венгер најави дека ќе остане на кормилото на Арсенал и следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И покрај предвидувањата дека ќе ги напушти „топџиите“, 67-годишниот стратег одлучи да остане уште најмалку една година на „Емирати“, тврдат британските медиуми.

Венгер веќе цели 21 години го води Арсенал и три пати беше шампион на Англија, но последната титула во Премиер лигата ја освои пред 13 години, точно во 2004 година. На крајот на оваа сезона му истекува договорот и медиумите предводуваа дека конечно дојде времето да го напушти клубот.

Меѓутоа, Венгер на клупската управа веќе и испратил список со потенцијални засилувања за следната сезона. Францускиот тренер сака во својот тим да ги доведе Ријад Марез од Лестер и стоперот на Мидлсборо Бен Гибсон, а нивните трансфери би чинеле околу 65 милиони евра.

Наводно, покрај овие двајца Венгер сака да доведе и напаѓач, лев бек и голман со цел повторно да се обиде следната сезона да ја освои Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нова изјава на Марез ја разгоре сомнителната ситуација на Светското првенство

Најистакнатиот фудбалер на Алжир, Ријад Марез, се најде во центарот на јавноста поради сво…