Според неофицијални информации од турските медиуми, Бешикташ испратил понуда до Ливерпул за нивниот искусен играч, Лукас Леива.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се очекува Бразилецот наскоро да ја заврши 10-годишната епизода на „Енфилд“, додека повеќе европски клубови се заинтересирани за неговите услуги.
Според информациите од турскиот фанатик, Бешикташ веќе ги започнал преговорите за Леива да го донесе во Турција, а Бразилецот, бара плата од 4,2 милиони фунти по сезона. Изгледа дека турскиот гигант е подготвен да му го понуди овој износ на Леива, а дополнителен мотив за Леива да стане член на Бешикташ е тоа што турскиот клуб ќе игра во Лигата на Шампионите следната сезона.
Лукас Леива е играчот со најдолг стаж во Ливерпул, но сега неговиот договор е пред истекување, а со оглед на тоа дека Бешикташ е еден од ретките клубови кој е подготен да му ги плаќа високите примања кои ги бара, големи се шансите следната сезона Леива да го видиме во Супер лигата.