Дома Фудбал КРАЈ: Бартомеу си поднесе оставка!

КРАЈ: Бартомеу си поднесе оставка!

Жосеп Марија Бартомеу не е повеќе претседател на Барселона, откако денес одлучи да си поднесе оставка.

Ваквата одлука се очекуваше вчера после состанокот со Бордот на директори, но Бартомеу одлучи денес официјално да ја поденсе оставката.

Сега се очекува да бидат закажани предвремени избори за нов претседател на Барселона, а редовните требаше да бидат во март следната година.

Доколку Бартомеу не си поднесеше оставка во скоро време ќе беше организиран референдум за негова доверба, откако неодамна беа собрани потребните потписи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…