Критиките на сметка на ВАР од коло во коло се повеќе ги има бидејќи судиите не престануваат со некои бизарни одлуки.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Веќе некое време тоа најмногу се однесува на офсајд ситуациите, а голови беа поништувани поради некои неверојатни одлуки на судиите што предизвика бура од реакции.
За ВАР зборуваше и поранешниот англиски напаѓач Питер Крауч кој најдобрите денови од својата кариера ги помина во Ливерпул.
Крауч моментално работи како стручен коментатор и редовно ги следи натпреварите од англиската Премиер лига. Тој даде коментар и за ВАР со кој успеа да ја насмее англиската јавност.
„Да имаше ВАР додека играв јас поради моите долги раце ќе ми беа поништени барем 50 голови поради офсајд.“ – рече Крауч.