Во текот на натпреварот од Лигата на шампионите, помеѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез договорил одличен фудбалер, пренесуваат шпанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, како што пишува „Diario Gol“, во текот на натпреварот Флорентино Перез го договорил Јулијан Веигл, фудбалер кој би требало да пристигне пред Светското првенство во Русија, а во договорот за овој фудбалер би бил вклучен и фудбалерот на Реал Мадрид, Маркос Љоренте.
Иако Љоренте неодамна го обнови договорот со Реал, неговата позиција во клубот не е баш сигурна. Од друга страна, Веигл е еден од најталентираните млади фудбалери во Европа и во Реал сметаат дека најдобро е да го доведат пред неговата цената на пазарот да се зголеми за десетина милиони евра.
Целиот сума во овој трансфер би требало да изнесува околу 50 милиони евра.