Дома Фудбал Крадци влегле во домот на фудбалерот на Челзи додека играл ЛШ 🎥

Крадци влегле во домот на фудбалерот на Челзи додека играл ЛШ 🎥

Aнглискиот фудбалер од редовите на Челзи, Рис Џејмс објави видео како крадци влегуваат во неговиот дом додека тој го игра натпреварот од Лигата на шампионите против Зенит (1:0).

Фудбалерот го пријавил грабежот, а видеото од надзорните камери на кое се гледаат криминалците го објави на социјалните мрежи.

„Додека играв во Лига на шампионите, група крадци кукавички влезе во мојот дом. Украле лични предмети. Накит немав во домот, во сефот ми стоеа медалите од Лигата на шампионите, Суперкупот и второто место на Еуро“, напиша Џејмс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…