Дома Трансфер зона Кој ќе стане мадридиста, Пјаниќ или Алкантара?

Кој ќе стане мадридиста, Пјаниќ или Алкантара?

0

Иако обезбедија пласман на уште едно финале во ЛШ, во Реал веќе размислуваат за новата сезона, а ако им се верува на странските медиуми, претседателот на Кралевите, Флорентино Перез сака да го засили средниот ред.

Имено, donbalon.com пишиува дека на врвот на листата од желби на Перез се Миралем Пјаниќ и Тиаго Алкантара.

Наводно и двајцата фудбалери се ценети кај претседателот на Реал, но проблем при евентуален трансфер ќе претставува обештетувањето со оглед на тоа дека Јувентус и Баерн без добра понуда нема ни да размислуваат за нивна продажба.

Токму поради тоа на листата се наоѓаат уште два играчи – Фабиан Туиз од Бетис и Максим Лопез од Марсеј.

Фабиан Руиз може да го напушти Бетис во секој момент доколку за него Реал плати 30 милиони евра, а се претпоставува дека и Лопез нема да биде нешто поскап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе V. M.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Страшен тим: Ова се најдобрите 11 фудбалери кои нема да одат на СП!

Љубителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат почетокот на Светското првенство, а некои…