Дома Фудбал Останато Кој ќе изведува пенали во Манчестер Јунајтед?

Кој ќе изведува пенали во Манчестер Јунајтед?

Со враќањето на Кристиано Роналдо во Манчестер Јунајтед се отвори прашањето за тоа кој ќе шутира пенали.

Откако Бруно Фернандеш пристигна во клубот во јануари 2020 година ја превзеде обврската за ударите од белата точка и од 22 обиди реализираше 21. Сепак, со враќањето на Роналдо работите се комплицираат, Португалецот беше задолжен за пеналите каде и да играше.

Солскјер очекуваше такво прашње од медиумите.

„Го очекував ова прашање. Разговарав со двајцата. Сега имам двајца играчи на кои можам да им го доверам животот кога се во прашање пеналите и тоа е добро. Јас ќе одлучувам кој да го шутира, а тие ќе ги следат моите инструкции“, изјави Солскјер.

Денес Манчестер Јунајтед од 16:00 часот ќе го игра натпреварот против Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Педро Родригез ја заврши кариерата

Легендарниот шпански фудбалер Педро Родригез објави дека се повлекува од професионалниот ф…