Дома Фудбал Англија Кој ќе биде најдобар играч во ПЛ? Фаворитот е изненадување за многумина

Кој ќе биде најдобар играч во ПЛ? Фаворитот е изненадување за многумина

Екипата на Ливерпул, како што стојат работите, може само да го спречи чудо на крајот од сезоната да стигне до титулата во ПЛ и да го прекине повеќедеценискиот пост.

Според многумина, титулата е завршена работа, а сега на Островот полека почнува да се зборува кој ќе ја добие наградата за најдобар играч во ПЛ.

Големи се шансите трета година во низа наградата да замине во рацете на еден играч на Ливерпул, со оглед дека претходни добитници се Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах.

Сепак, името на играчот кој во моментов е фаворит за ова признание е веројатно изненадување за многумина. Станува збор за капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон.

Хендерсон со години е важен дел од тимот на Ливерпул, иако многумина го оспоруваат неговиот придонес. Дури и кога е во форма, често може да се слушнат коментари дека Џордан Хендерсон е „најдобриот лош“ играч.

Меѓутоа, оваа сезона Хендерсон капитенски ја деригира средината, а некои од неговите соиграчи тврдат дека моментално е најдобриот играч за врска во светот.

Хендо е фаворит за оваа наградата и во обложувалниците.

Коефициентот во Скај Бет е 1.80. Интересно, капитенот на Црвените, според оваа обложувалница, беше тотален аутсајдер во трката за ова големо признание. Тогаш коефициентот беше 200.

Хендерсон во понудата на Скај Бет го следат соиграчите Садио Мане (4.00) и Вирџил ван Дајк (4.50). Потоа следуваат Де Брујне (7.00), Салах и Александер Арнолд (17.00).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси повторно упати силни критики до Барселона

Лионел Меси му пружил поддршка на својот голем пријател Луис Суарез кој по шест години ја …