Дома Трансфер зона Костиќ пред трансфер во Јувентус

Костиќ пред трансфер во Јувентус

Јувентус е пред комплетирање на трансферот на ѕвездата на Ајнтрахт Франкфурт и српски репрезентативец, Филип Костиќ , пренесуваат италијанските медиуми.

Јувентус на почетокот на преодниот рок беше заинтересиран за Костиќ, но откако пропадна можноста да го ангажира Заниоло, повторно тргна по Србинот.

Костиќ беше блиску до трансфер во Вест Хем, но откако Јувентус се вклучи во трката тој избра да се пресели во Торино.

Агентите на крилниот фудбалер постигнаа комплетен договор со „старата дама“, а двата клуба ги договараат последните детали.

Според информациите трансферот ќе чини 11 милиони евра плус 4 милиони во форма на бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Икарди поради Ванда не може да најде нов клуб?

Mауро Икарди нема баш некое лето кое ќе го памети. Аргентинскиот репрезентативец е „вишок“…