Дома Фудбал Репрезентации Косово пред суспензија, Македонија може директно во финалето од Лигата на Нации!?

Косово пред суспензија, Македонија може директно во финалето од Лигата на Нации!?

Македонија и Косово на 26. март треба да одиграат полуфиналето во Лигата на Нации, но тој натпревар би можел и да не се одигра, а Македонија директно да се пласира во финалето.

Албанскиот сајт „Инфорспорт“ објави дека Косово може да добие суспензија од УЕФА и ФИФА во траење од две до пет година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Косово може да добие суспензија поради хаосот кој им се случува во федерацијата. Наводно, политичките партии се обидуваат да го сменат актуелниот прв човек Агим Адеми и тоа е против правилата на ФИФА и УЕФА.

Добро познато е дека и двете организации не дозволуваат мешање на политиката во по спортот и казните за такво нешто се ригорозни.

Таквите обиди на локалната власт да го промени актуелниот претседател сигурно ќе бидат под лупа на УЕФА и ФИФА во наредниот период.

Ќе потсетиме, победникот од Македонија и Косово ќе оди на финале против Белорусија и Грузија, а победникот од тој натпревар ќе обезбеди пласман на Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пиоли добива отказ. Милан бира помеѓу овие пет тренери

СТЕФАНО ПИОЛИ ќе биде тренер на Милан само до крајот на сезоната, по што ќе добие отказ, п…