Дома Фудбал Контроверзниот новинар „удри“ по Тен Хаг: Тој е комплетен идиот, зборува глупости!

Контроверзниот новинар „удри“ по Тен Хаг: Тој е комплетен идиот, зборува глупости!

Токму кога малку ќе заборавиме на него, повторно се појавува Пирс Морган. Овој пат негова мета беше менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поранешниот новинар на Си-Ен-Ен, кој сега има своја емисија „Без цензорцена“ на Јутјуб, гостуваше во утринската програма на „Ток спорт“ и го нарече Ерик тен Хаг „комплетен идиот“.

Голем фан на Кристијано Роналдо го зеде Португалецот како повод да го критикува Тен Хаг.

„Некои мислат дека Роналдо повеќе не може да се сфати сериозно откако се пресели во Саудиска Арабија. Тоа е сон. Во моментов нема подобар стрелец на светот од Кристијано Роналдо. Синоќа ја погоди стативата и постигна гол. Тен Хаг е комлетен идиот! Жал ми е, но тоа е“, рече Морган и додаде:

„Зборува глупости. Сега зборува дека е Хари Потер. Тен Хаг е се што Роналдо ми кажа за него во интервјуто. „Тој е како мал учител во основно училиште кој не знае како да се однесува со паметни ученици“, рече Морган.

„Погледнете ги само талентите кои не ги препознавал – Роналдо, Џејдон Санчо, Маркус Рашфорд… Тој знае само да носи играчи од Ајакс. Не ми се верува дека го кажувам ова, но Јунајтед е уште полош од минатата сезона“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…