Дома Фудбал Контроверзиите се поголеми пред мечот Словачка – Романија: Се е договорено, зошто да ризикуваме?

Контроверзиите се поголеми пред мечот Словачка – Романија: Се е договорено, зошто да ризикуваме?

Поранешниот романски репрезентативец, Данут Лупу придонесе да се зголемат контроверзиите пред натпреварот помеѓу Словачка и Романија.

Овој натпревар се игра во среда до 18:00 часот и на двете селекции им одговара 0:0 за пласман во нокаут фазата. Едната селекција би поминала како второпласирана, другата како трета.

„Со реми против Словачка ќе се квалификуваме. Се е договорено, навистина е штета да не одат и двете. Зошто би ризикувале? На тоа ниво фудбалерите одлично се согласуваат“, изјави Лупу.

Ваков случај имаше и пред 20 години кога на Данска и Шведска им одговараше 2:2 и со тој резултат заврши натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бирмингем е на врвот, но останува без Том Брејди!

Легендата на НФЛ се повлекува од сопственичката структура на Бирмингем по три години. Клуб…