Дома Фудбал Италија Конте со критики за Ериксен: Во Италија не е како во Англија, таму е полесно

Конте со критики за Ериксен: Во Италија не е како во Англија, таму е полесно

Tренерот на Интер Антонио Конте во медиумите го критикуваше Данецот, Кристијан Ерискен.

Ериксен не се најде во почетните 11 за натпреварот против Торино, па новинарите ги интересираше дали постои некаков проблем со Ериксен.

„Тој треба да одржува некаков биланс и да игра на високо ниво. Во Италија очекувањата се големи и тој знае дека се приклучи на клуб со големи амбиции. Бев и работев и во Англија, знам како е таму е многу полесно, ситуацијата е помирна отколку тука. Кристијан е посветен и работи добро, меѓутоа на мене е да носам одлуки за доброто на Интер“, изјави Конте.

Во овој момент Интер е втор на табелата со осум бода помалку од лидерот Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Урнебесно: Навивачот кој чукаше на дупнат тапан на стадионот, беше атракција и во центарот на Букурешт🎥

Македонскиот навивач со својот дупнат тапан ги освои социјалните мрежи, чукаше на него на …