Дома Фудбал Италија Конте сo критиките после Борусија ја налути управата на Интер

Конте сo критиките после Борусија ја налути управата на Интер

Aнтонио Конте после поразот од Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите отворено ја критикуваше управата на Интер.

Интер против Борусија имаше предност од 2:0 во првото полувреме, но потоа во второто германскиот тим направи пресврт и славеше со 2:3. Конте ја обвини управата дека не работела добро во зимскиот преоден рок.

Италијанскиот стратег сметаше дека немал доволно искусни играчи за неговиот тим да игра констатно добро во еден натпревар со висок интезитет.

Овој настап на Конте во медиумите не им се допадна на луѓето во управата и лути се што Конте јавно зборувал за такви работи кои според нив треба да останат меѓу нив внатре во клубот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Лече тврдат дека мајсторијата на Пандев не требало да важи

Македонскиот капитен Горан Пандев вчера против Лече го постигна еден од најубавите голови …