Дома Фудбал Италија Конте збесна по поразот: Од кого да барам повеќе – од Барела од Каљари или од Сенси од Сасуоло!?

Конте збесна по поразот: Од кого да барам повеќе – од Барела од Каљари или од Сенси од Сасуоло!?

Интер вчера водеше со 0:2 на полувремето против Борусија во натпревар од четвртото коло, но на крајот „нероаѕурите“ беа поразени со 3:2.

За тренерот Антонио Конте тоа беше катастрофа. На прес-конференцијата воопшто не беше смирен и отворено ги посочи луѓето во управата како едни од виновниците. Конте смета дека клубот не довел играчи какви што требало во летниот преоден рок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Во планирањето на сезоната направени се големи грешки. Ми здосади да повторувам. Полудев затоа што не можеме подобро од ова. Го достигнавме лимитот. Ова е исто како во Барселона. Всушност, беше полошо затоа што имавме два гола предност. Тоа е разочарувачки, но што да ви кажам? Ми кажуваат дека треба повеќе да се смеам на телевизија. Треба ли секогаш да зборувам исти работи за процесот на раст, одењето чекор по чекор“…

„Се надевам дека од овој пораз некои ќе сфатат нешто. Момците одат со брзина од 100 km/h и можам само да им се заблагодарам за тоа што го прават во овој период. Не може да дадат повеќе. Не можеме подобро од ова. Едноставно досадно е да се повторуваат исти работи, се надевам дкеа директорите ќе дојдат и ќе ни објаснат некои работи“.

„Докажавме дека можеме да загрозиме секого ако сме во форма, но има играчи кои играат цело време и во Серија А и во Лигата на шампионите.

„Зборуваме за група на играчи кои освен Годин немаат ништо освоено и поради тоа тешко се справуваат. Од кого да побарам да истапи? Од Барела кој дојде од Каљари или од Снеси кого го купивме од Сасуоло? Како што кажав ја сум им благодарен затоа што го оставаат срцентот, знам дека барем многу и на некои тоа им е тешко“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…