Дома Фудбал Конте по поразот од Мура: Тотенхем не е топ тим

Конте по поразот од Мура: Тотенхем не е топ тим

Toтенхем вчера доживеа неочекуван пораз од Мура во групната фаза од Конференциската лига и така си го искомплицира својот пат за нокаут фазата.

Ова беше првиот пораз за Конте на клупата на Спарси во четвртиот натпревар. Италијанецот беше искрен по мечот.

„Сега почнувам да ја сфаќам ситуацијата. Не е малку едноставно. Во овој момент Тотенхем не е топ тим. Мило ми е што сум тука, но мормае многу да работиме за да го подобриме квалитетот“, изјави Конте.

Интересно е што Мура доаѓа од град со 10.000 жители и нема стадион за овој ранг натпреварување па европските натпревари ги игра во Марибор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал не сака да чека: Подготвува нов договор за Раја

Давид Раја има договор до 2028 година, но Арсенал наводно планира разговори за подолга сор…