Дома Фудбал Конте потврди, еден од најдобрите фудбалери на Челзи мора на пауза!

Конте потврди, еден од најдобрите фудбалери на Челзи мора на пауза!

Нова повреда во редовите на Челзи.

Дефанзивецот на Челзи, Давид Луиз ќе мора да оди на пауза поради повреда на коленото, потврди денес Антонио Конте.

Менаџерот на Челзи на конференцијата за медиумите пред натпреварот со Свонси потврди дека Бразилецот ќе мора да паузира некое време поради повреда на коленото.

„Давид Луиз заработи повреда на коленото и не е познато колку време не ќе можеме да сметаме на него“, изјави Конте.

Ова значи дека младиот Кристенсен ќе продолжи да игра како централен дефанзивец покрај Кејхил и Аспиликуета.

Да потсетиме Давид Луиз во текот на јануарскиот преоден рок би можел да направи трансфер во редовите на Реал Мадрид. Повеќе за ова ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капитенски јубилеј на Кипар: Здравковски стигна до 200 натпревари за АЕЛ

Давор Здравковски го одигра својот 200. натпревар за АЕЛ во градското дерби со Арис. Макед…