Дома Фудбал Репрезентации Конте не верува во изненадување: Една од овие четири репрезентации ќе го освои ЕП

Конте не верува во изненадување: Една од овие четири репрезентации ќе го освои ЕП

Поранешниот италијански селектор Антонио Конте верува дека Италија може да оди до крај и да го освои Европското првенство, а меѓу кандидатите ги додаде Франција, Германија и Белгија.

Конте не верува дека на првенството ќе има некое големо изненадување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мислам дека никој од аутсајдерите нема да го освои Европското првенство. Кандидати за титулата се Франција и Германија кои имаат силен играчки кадар и искуство. Тука и Белгија, но под услов Де Брујн и Витсел да бидат во топ форма, секако и Италија“.

„Во досегашниот дел од натпреварувањето Италија покажа континуитет и самодоверба. Нема љубомора во екипата зошто некој игра, а некој седи на клупа. Може да се забележи заедништвото, а тоа е важно ако сакате далеку да стигнете. Исто така тимот игра компактно, постои баланс помеѓу одбраната и нападот, Италија сигурно може да оди до крај“, изјави Конте кој ја водеше оваа репрезентација до четвртфиналето на Евро 2016.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Динамо во проблеми: Се повреди и Адеми

Македонскиот фудбалер, Аријан Адеми нема да биде во можност да му помогне на Динамо Загреб…