Дома Фудбал Италија Конте: На Лацио му ги поклонивме двата гола

Конте: На Лацио му ги поклонивме двата гола

Фудбалерите на Лацио вчера славеа на свој терен против Интер во дербито на 24. коло во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лацио така сега изби на втората позиција на табелата и има само еден бод помалку во однос на лидерот Јувентус. Од друга страна ова беше болен пораз за Интер кој го изгуби првото место и сега на третата позиција заостанува три бода зад „старата дама“.

После натпреварот тренерот на Интер, Антонио Конте беше незадоволен затоа што неговиот тим прелесно прими два гола во второто полувреме.

„Ова беше добар натпревар, но не ми се допаѓа начинот на кои ги примивме головите. Двата гола на Лацио му ги поклоновиц. Ситните детали ги одлучуваат ваквите натпревари, но и тоа е дел од процесот во кој нашиот тим учи на грешките“, изјави Конте после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Aу, каква понуда за Олисе, ова не се одбива!

Мајкл Олисе полека станува еден од најдобрите фудбалери во светот и би можел тоа да го док…