Дома Фудбал Италија После оваа изјава Конте не е добредојден во Торино: Ги нападна навивачите на Јувентус поради Мурињо!

После оваа изјава Конте не е добредојден во Торино: Ги нападна навивачите на Јувентус поради Мурињо!

Кога еден клуб ќе дојде во ситуација да треба да го менува тренерот во овој период името кое веднаш со поврзува со тој клуб е Антонио Конте. Откако минатото лето доби отказ во Челзи, Италијанецот се доведуваше во врска со Реал Мадрид, Баерн, Манчестер Јунајтед, Интер, Милан, Рома…

Сепак, не доби ангажман веројатно затоа што се уште не е слободен тренер. Конте и понатаму е во судски спор со Челзи од кој бара дополнителни 10 милиони евра оштета (претходно доби толку). Го тужеше Челзи затоа што му ја упропастил сезоната и го отпуштил пред самиот старт пред нешто да му биде кажано претходно.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Судскиот спор ќе биде завршен во наредните недели, а Конте потврди дека ова лето ќе се врати на тренерската работа.

Во последно време Конте многу се поврзуваше со Интер. Се шпекулира дека деновите на Спалети во Милано се одбројани и дека сигурно ќе биде сменет на крајот од сезоната. Директорот на Марота би сакал да го види Конте кој веќе го доведе додека работеше во Јувентус.

Марота сега сака да го доведе и во Интер, а Конте со изјавата која ја даде вчера за италијанска телевизија како да сака да им се додворува на навивачите на Интер помеѓу кои не е омилен.

Конте го прокоментира гестот на Мурињо кој Португалецот го направи кога како тренер на Манчестер Јунајтед оваа сезона го победи Јувентус.

„Со Интер освои триплета, со Челзи ја освои Премиер лигата и мислам дека имаше право на таков гест. Секако, потребно е меѓусебна почит со навивачите. Како што треба да има тренерот кон навивачите, така треба да имаат и навивачите кон тренерот. Мурињо освои многу и со тој гест сакаше да го покаже тоа. Тоа е тој“, изјави Конте.

Ова секако е изненадувачка изјава на Конте кој на некој начин застана против навивачите на Јувентус и ги нападна поради човекот кој не е омилен помеѓу нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ВИДЕО Мартинез доби втор жолт во пенал серијата, но не беше исклучен. Еве зошто

Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига победувајќи го Лил на пена…