Дома Фудбал Конте исфрли четири ѕвезди од тимот

Конте исфрли четири ѕвезди од тимот

Менаџерот на Тотенхем ги отстрани од тимот Танги Ндомбеле, Џовани Ло Селсо, Серхио Регилон и Хари Винкс.

Фудбалерите вредни 92 милиони евра ќе треба да тренираат одвоено од остатокот од тимот. Конте им порача на четворицата фудбалери дека за нив нема место на тренинзите бидејќи може да работи само со одреден број играчи.

Четворицата се вишок и повеќе не сметаат на нив во Лондон, па може да си бараат нови клубови до крајот на преодниот рок.

Ндомбеле и Ло Селсо и минатата сезона беа на позајмица, па за нив дефинивно нема повеќе место во тимот. Регулион го загуби местото со доаѓањето на Перишиќ, а Вингс со доаѓањето на Бисума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…