Дома Фудбал Англија Конте за својата иднина: Посветен сум на Тотенхем 100%

Конте за својата иднина: Посветен сум на Тотенхем 100%

Во Англиските медиуми започна да се шпекулира за иднината на италијанскиот стратег Антонио Конте на клупата на Тотенхем, а сега Конте зборуваше на ов аа тема.

Конте имаше несогласувања со првиот човек на клубот Даниел Леви околу трансфер пазарот, меѓутоа како што изгледа сега работите се смириле и Конте е поблиску да остане во клубот.

„100% сум посветен на Тотенхем, можеби и повеќе. Верувам и работам за овој клуб да биде успешен. Јас сум страсна личнсот, мислам дека тоа го покажав од кога сум тука“, изјави Конте.

Тотенхем во овој момент на табелата е во битка за место во Лигата на шампионите. На две кола пред крајот Арсенал има бод повеќе од „петлите“. Евентуален пласман во Лигата на шампионите за Тотенхем веројатно ќе значи и поголема финансиска поддршка од првиот човек на клубот Даниел Леви во летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Погреши ли ВАР со голот на Бензема?

На полувремето во Париз помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид нема голови, најинтересниот момент с…