Дома Трансфер зона Конте донесе одлука и направи проблем во Барселона

Конте донесе одлука и направи проблем во Барселона

Toтенхем нема да го откупи договорот на Клемент Ленгле од Барселона

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот минатото лето пристигна на едногодишна позајмица од Баерн Минхен, но Тотенхем нема да ја искористи опцијата за откуп.

Ленгле не го убедил Конте дека е вистинско решение на позицијата лев стопер, напротив, навивачите се сложни дека Бен Дејвис е подобра опција на тоа место. Барса се надеваше дека Тотенхем ќе го откупи затоа што не е во плановите на Чави.

Чави веќе има четворица квалитетни стопери во ротација, тоа се Роналд Араухо, Жил Кунде, Андреас Кристенсен и Ерик Гарсија, па така Ленгле ќе мора да бара нов клуб. Исто така извесно е дека Конте примарна цел на лето ќе му биде нов стопер бидејќи нема премногу доверба ниту во Девисон Санчез.

Во Барселона Ленгле стигна од Севиља летото 2018 година за 35 милиони евра и беше одличен во првата сезона, но потоа целосно падна во последните две сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…