Дома Топ вести Конте го „жртвува“ Брозовиќ за својот миленик

Конте го „жртвува“ Брозовиќ за својот миленик

Раководството на Интер веќе работи на засилувања на тимот за следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна цел на „нероаѕурите“ ова лето ќе биде Нголо Канте од Челзи.

Конте според информациите е воодушевен од квалитетите на Французинот кој одлично го познава затоа што двајцата соработуваа на „Стенфорд Бриџ“.

Се шпекулира дека Челзи е спремен да го продаде Канте ова лето за 70 милиони фунти, па Интер ќе мора да „жртвува“ некоја ѕвезда за да ја плати оваа сума.

Имено, италијанските медиуми тврдат дека Конте е спремен да го продаде Брозовиќ чија цена изнесува 50 милиони евра и да го доведе Канте за 70 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…