Бившиот менаџер на Челзи, Анионио Конте го тужеше клубот за остатокот од платата плус обештетување, пренесува „Скај Спорт“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Италијанецот одби да седне на преговори со „сините“ за спогодбено раскинување на договорот и неговите адвокати веќе подолго време работат на два одделни случаи против клубот.
Конте кој е навреден од начинот на кој беше избркан од „Стенфорд Бриџ“ настпојува не само да ја добие платата од остатокот на договорот во висина од 11,3 милиони фунти, туку сака и отштета во виска од 8,7 милиони фунти. Така целата сума која ја бара изнесува 20 милиони фунти (23 милиони евра).
Челзи одби да ги плати тие пари и смета дека Конте го оштетил клубот со тоа што го „избркал“ Диего Коста преку СМС порака, а притоа го обвинуваат дека казнел на пресконференции.
Поради тоа целиот случај ќе оди на суд, каде ќе биде одлучено дали Италијанецот ќе ја добие бараната сума.