Дома Останати Конор: Јас сум ГОАТ; Кабиб: Да, ама на Твитер!

Конор: Јас сум ГОАТ; Кабиб: Да, ама на Твитер!

Поранешниот двоен шампион на УФЦ, Конор Мекгрегор, реши да се приклучи на темата кој е најголемиот борец во историјата на ММА и смета дека тој е број 1.

Многу љубители на спортот веруваат дека Андерсон Силва е најголем, додека други ги ставаат на врвот Жорж Сент Пјер или Џон Џонс.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Оваа тема кој е најголем во историјата на ММА, импресивен број на финалиња во две категории и шампионско злато во една категорија. Андерсон Силва е најголем во ММА. Јас сум моментално број 2, но се уште сум активен и кога ќе се пензионирам ќе бидат ГОАТ (најдобар на сите времиња)“, истакна Мекгрегор.

На ова веднаш се јави Кабиб, кој го „пецна“ Ирецот дека е ГОАТ,ама на социјалните мрежи.

„Се предаде во перо категорија, се предаде во лесна категорија и во валтер, никогаш не ја одбрани УФЦ титулата, се предаде повеќе пати од тројцата заедно. Ти си најдобар УФЦ борец во историјата, ама на Твитер“, напиша Кабиб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …