Дома Фудбал Репрезентации Конечно, љубителите на фудбалот забележаа по некој погодок..

Конечно, љубителите на фудбалот забележаа по некој погодок..

Делува нереално, но од погодокот на Јакоб Јахонсон во петокот против Италија и триумфот на Шведска од 1:0, веќе четири дена не сме виделе гол во баражот за СП во Русија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Одиграни се дури шест натпревари и сите шест без погодоци, а сите ги следеа овие дуели, дури и оној помеѓу Хондурас и Австралија со надеж дека ќе уживаат во убави потези и добар фудбал.

Но, реално подобро велат да „гледавме како фарбата на ѕидот се суши“.

Многумина на социјалните мрежи веќе почнаа да се шегуваат дека духот на Жозе Мурињо влегол во репрезентативниот фудбал и неговиот познат „паркиран автобус“ пред голот идеално е пресликан од страната на многу селектори, чии тимови се најдоа во баражот.

За жал, ниту вечерашниот дуел во Даблин помеѓу Ирска и Данска не ветуваше многу, иако за волја на вистината таму моментално резултатот е 1:1. И дали тоа се двете најефективни екипи впрочем?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нема повеќе дилеми: Арбелоa потврди крај за две ѕвезди на Реал Мадрид

Реал Мадрид синоќа го победи Севилја на гостување со 1:0, во натпревар без резултатско зна…