Дома Фудбал Конечно шанса за новото засилување: Арсенал еден месец без Петр Чех!

Конечно шанса за новото засилување: Арсенал еден месец без Петр Чех!

Голманот на Арсенал, Петр Чех ќе отсуствува од терените еден месец поради повреда, потврди денес англискиот клуб.

Голманот заработи повреда за време на мечот со Вотфорд во саботата и беше заменет со Бернд Лено.

Деталните прегледи покажаа дека Чех има истегнување на мускулот и ќе мора да паузира четири недели.

Тоа ќе биде шанса за новата аквизиција, Лено конечно да покаже зошто беше еден од најбараните голмани ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренчовски со дерби-триумф во Марибор: Олимпија ја продолжува трката за врвот

Олимпија победи со 1-0 на гостувањето кај Марибор со погодокот на Туци. Димитар Митровски …