Подолго време трае сагата со трансферот на Весли Фофана од Лестер во Челзи, а сега како што стојат работите конечно е завршено.
Фофана инсистираше на трансфер во Челзи, дури и не се појавуваше на последните тренинзи поради што беше префрлен во вториот тим на „лисиците“. Сега експертот за трансфери Фабрицио Романо објави дека и на оваа трансфер-сага и дојде крајот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лестер и Челзи после неколку понуди на „сините“ успеале да постигнат договор за оштетата, тоа беше и најголемиот проблем. Играчот своите услови со новиот клбу ги имаше договорено од претходно.
Според информациите Фофана ќе потпише договор до јуни 2028 годсина, а Лестер ќе добие 75 милиони фунти со вклучени бонуси. Се што останува сега за комплетирање на трансферот се подготвувањето на документацијата.
Wesley Fofana to Chelsea, here we go! Documents are almost ready as Leicester and Chelsea reached an agreement on the fee on Friday, confirmed. 🚨🔵 #CFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 27, 2022
Fofana will sign until June 2028 as new Chelsea player. Fee around £75m [add-ons included]. Time to prepare documents now. pic.twitter.com/lO31M5firj