Дома Останати Конечно: Конор Мекгрегор се враќа по тригодишна пауза

Конечно: Конор Мекгрегор се враќа по тригодишна пауза

Изгледа дека чекањето заврши. Конор Мекгрегор се враќа во рингот по три години. Информацијата ја потврди неговиот противник Мајкл Чендлер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во интервју за „TMZ Sports“, Чендлер зборуваше за плановите за следниот период и потенцираше дека борбата против Ирецот сигурно ќе се одржи. Официјалниот датум се уште не е објавен, но оваа вест ќе ги израдува сите фанови.

„Добив официјална потврда, борбата ќе се одржи ова лето. Не можам да ви го кажам точниот датум, но ќе се случи летово. Очигледно, ова било планирано една година. Го снимивме„Ultimate Fighter“, тој беше отсутен, се разбира, го снимаше „Road House“ и следеше некои негови други амбиции и признанија надвор од кафезот, но сега сме спремни двајцата. Официјалниот статус е дека имаме договор“, изјави Чендлер.

Претседателот на УФЦ неодамна истакна и дека конечно може да седне со Конор и да разговара за нова борба, па се чини дека сите коцки полека си доаѓаат на своето место.

Мекгрегор последен пат се бореше на 11 јули 2021 година и загуби од Дастин Поарје по втор пат во една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низанегат…