Дома Македонски спорт Мак фудбал „Комити“: Отказот на Симов е вистинска одлука

„Комити“: Отказот на Симов е вистинска одлука

Тимот на Вардар не ја започна како што се очекуваше сезоната во втората лига.

После поразот од Велешта во јавноста имаше силни реакции, а денес клубот потврди дека Горан Симов си заминува од тренерската позиција.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Комити“ веќе подолго време бараа разрешување на менаџерот на „црвено-црните“, па денес се огласија после отказот на Симов.

„Одговорноста за слабите и бледи изданија на Вардар, ја превзема Шефот на стручниот штаб Горан Симов, што според големото мнозинство Вардарови навивачи е вистинска одлука. Се надеваме дека реакцијата е навремена, штетата која е настаната ќе може да се санира, и за брзо време ќе фатиме приклучок за местата кои водат кон повисок ранг. Во името на неговото минато како голман во Вардар со заслуги за освоени две Шампионски титули, му посакуваме успех во натамошната кариера. Максимална поддршка за ангажманот на Никола Глигоров…“, се вели во соопштението на „Комити“.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…