Дома Македонски спорт Мак фудбал Комити не го оставаат Вардар кога му е најтешко: Сите пред стадион!

Комити не го оставаат Вардар кога му е најтешко: Сите пред стадион!

Најверната навивачка група на Вардар, „Комити“ во сабота ќе има собир пред Националната Арена „Тодор Проески“ каде што Вардар ќе игра против Борец.

Вардар е во една тешка ситуација, клубот се наоѓа во голема криза и голем број од играчите го напуштија клубот. Црвено-црните така едвај склопија тим за да ја започнат сезоната.

Поради пандемијата со коронавирусот навивачи на трибините нема да има, но „Комитите“ порачаа дека нема да го остават Вардар и најавија навивање пред стадионот.

„После скоро шест месечна пауза започнува новата фудбалска сезона. Која за нас ќе биде една голема борба на два форнта. Лошата ситуација во Ф.К. Вардар и Играњето на натпреварите без публика. Ние не би биле ние ако го оставиме Вардар кога му е најтешко. Нека грми песна комиткса пред градскиот стадион.
16:30 Пред влезот на западната трибина!Нагласуваме со почитување на маерките за заштита и задолжително носење МАСКИ!“, стои во настанот на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Новиот тренер на Осогово е мешавина на Анчелоти и Гасперини“

Осогово го назначи Трајче Сенев за нов стратег и овој клуб го претстави Сенев во свој, дух…