Дома Македонски спорт Мак фудбал „Комити“ испратија последно предупредување до управата на Вардар!

„Комити“ испратија последно предупредување до управата на Вардар!

Екипата на Вардар со нов спонзор сезонава најави подобри денови, меѓутоа тимот по три кола има два порази.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вардарци од почетокот на сезона беа поразени од Брера и Шкупи, а го победија само Пелистер минимално 1:0. Од Брера на отворањето на сезоната беа поразени со 3:1, додека од Шкупи на Чаир вчера со 3:0.

Бледите настапи на вардарци во овие дуели предизвикаа и револт кај „Комитите“ кои преку порака на социјалните мрежи испратија опомена до управата.

„Рибата смрди од главата, последна опомена за управата“, објавија на тие на социјалните мрежи.

Ќе потсетиме, Вардар неочекувано по победата од Пелистер го смени тренерот Горзад Михаилов, а на негово место дојде Горан Петрески.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…