Дома Македонски спорт Мак фудбал Комити: Зошто пак поминуваме низ ова? Бараме одговорност!

Комити: Зошто пак поминуваме низ ова? Бараме одговорност!

После фан страната на Вардар „Екипа Пиво“, се огласија и од официјалната на „Комити“.

Комити во соопштението бараат одговорност и потенцираат дека се во контакт со управата на Вардар.

Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение:

„По официјалните информации за недоделување на лиценца за настап во Европа, како навивачи на Вардар кои останаа трпеливи, доследни, повеќе од коректни, се чувствуваме целосно изневерени од сите кои на кои им беше доделена нашата доверба.

Клубот две години по ред не настапува во Европа иако според игрите на терен, местото на табелата, составот и комплетниот ентузијазам на играчите, стручниот штаб и навивачите, тоа и тоа како го заслуживме.

Деновиве и ние самите добиваме критики поради нашето недејствување или недоволна посветеност при решавањето на проблемот во ФК Вардар. Ние иако долго време не се мешаме во раководењето, немаме никакви ингеренции во раководењето на клубот, ниту се мешаме во политиката и финансиите, сепак чувствуваме одговорност да излеземе пред јавноста и да прашаме зошто мора да ги доживуваме овие моменти повторно, како и предходно низ историјата?

Во комуникација сме со преставници на управата на клубот, и од таму цело време добиваме уверување дека клубот со целиот свој капацитет работи во изнаоѓање на решение. Како што не информираат, при барањето на решение вклучени се сегашната управа како и основачите на клубот пред се град Скопје но и ПУИГ, од каде исто така добивале логистичка помош. Од таму стигаат информации дека се ‘се чека на новите наводни управители, кои треба да ги превземат правата и обврските на клубот.

Сакаме да знаеме за намерите на новите наводни инвеститори кои треба да го преземат клубот, од кои се чекало финалниот потег за расчистување на состојбите во клубот и негово превземање и раководење.

Воопшто не ни се допаѓа што ситуацијата се одолговлекува, и неизбежно ќе биде дел од изборниот процес, на што ние цело време се противиме, затоа што Вардар бил, е и ќе биде над сите партии и дневнополитички препукувања.

Бараме одговорност, затоа што Вардар не може да биде место каде се импровизира !

Бараме сериозност, нема играње со Вардар нема ни со нас!“, стои во соопштението на Комити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Борец не заслужи да изгуби, но Шкендија ги однесе трите бода од „Зоран Паунов“ 🎥

Во рамките од 15. коло во македонската прва лига денес играа Борец и Шкендија. Натпреварот…