Дома Македонски спорт Мак фудбал „Комити“ бесни: Седло мрш од Вардар!

„Комити“ бесни: Седло мрш од Вардар!

Гоце Седлоски денеска беше именуван за нов тренер на Вардар, а тоа предизвика реакции помеѓу најверните вардарови фанови кои не сакаат тој да биде нивниот тренер.

Во соопштението на социјалните мрежи „Комити“ објавија жестока реакција:


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


СЕДЛО – МРШ ОД ВАРДАР!

Гоце Седловски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар!

Човечкиот отпад кој уживаше во друштвото на убијците на нашиот брат Саздо, кој со огромно задоволство се радуваше на поразите на ФК Вардар и кој беше избркан од клубот во 2017 година поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа!

Во сабота или седни на клупата на Слога Југомагнат, онаму каде што природно припаѓаш или воопшто не доаѓај. Вардар и Градскиот стадион во Скопје, за тебе веќе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено!

Воедно ги повикуваме сите навивачи на клубот, сите оние кои беа во неделата во Битола, на баражите во Струмица и Кавадарци, но и на скалите пред стадионот, кога се испаѓаше, кога се боревме сами против сите, дур вакви гниди мирно си уживаа во своите провизиски комбинации и хоштаплерски зделки!

КЛУБ НА НАРОДОТ СИ ВАРДАРЕ!
ВО САБОТА – СИТЕ НА СТАДИОН!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Сане донесе конечна одлука, го напушта Баерн

Лерој Сане влезе во последната година од договорот со Баерн Минхен, а последните информаци…