Дома Фудбал Германија Коман дефинитивно нема среќа со повредите: Дали ова ќе значи пензија на 23 години?

Коман дефинитивно нема среќа со повредите: Дали ова ќе значи пензија на 23 години?

0

Ѕвездата на Баерн Минхен, Квинсли Коман дефинитивно нема среќа со повредите. Младиот Французин синоќа против Тотенхем се здоби со нова повреда.

Коман веќе две години константно има проблеми со повреди и повеќе време помина во рехабилитација, отколку на терените.

Пред крајот на минатата година, најави дека ако уште еднаш се повреди и треба подолго да отсуствува ќе се откаже од фудбалот, иако има само 23 години.

Французинот синоќа се повреди и тоа само неколку минути откако влезе во игра на пријателскиот натпревар против Тотенхем.

„Се надевам дека не е ништо страшно и дека тој ќе се врати за неколку дена. Доби удар, тоа најчесто е многу болно“, изјави Ковач.

Денес Коман ќе оди на детални прегледи, па ќе се знае точно колку време ќе отсуствува од терените.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Видео: Елмас на дебито во Серија А ги покажа мајсториите

Елиф Елмас синоќа го имаше своето деби во Серија А и со својот Наполи оствари тешка победа…