Дома Останати Ракомет Колумна на „Balkan-Handball“: Вардар – машина која не застанува

Колумна на „Balkan-Handball“: Вардар – машина која не застанува

vardar

Новинарот на популарниот интернет сајт „Balkan-Handball“, Жика Богдановиќ импресиониран од вчерашната победа над Кил излезе со колумна посветена на македонскиот ракометен бренд.

„Можеби Везув ќе еруптира вечерва, можеби утре платите на Балканот ќе бидат 2.000 евра, па дури тогаш и Кил би го освоил Скопје“, се зборовите со кој авторот ја започнува колумната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нема ништо случајно во победата на Вардар во најголемиот ракометен дом во митската „Шпаркесен Арена“.

Кога бековската тројка, Борозан – Циндриќ – Кристопанс ќе го постигне првиот гол во 35 минута. Кога головите од контранапади практично и ги нема. Кога противникот ќе ве надигра во транзицијата, кога Арпад Штербик ќе остане во сенка на Николас Ландин обично и не мората да го гледат семафорт за да заклучите дека сте изгубиле?

Тоа со тимот на Раул Гонзалес не беше случај.

Во продолжение на колумната се истакнува дека е неверојатно тоа што секој поединец на Вардар истиот момент кога ќе погреши знае и каде погрешил. Според, Богдановиќ Вардар е еден од најдобрите тимови на деценијата, најмногу поради воиграноста и степенот на познавање на својата работа.

За крај тој му остава шанса на Кил само доколку во Скопје, Домагој Дувањак игра како во 2013 година. Дувњак кој може да биде лидер и во нападот и во одбраната, да пресече пет топки, 10 пати да падне на глава, да стане и да продолжи…Таков Дувњак тешко дека би гледале оваа сезона.

Комплетната колумна можете да ја погледнете ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…