Дома Останати Кошарка НБА Кога вака ќе тргне никој ништо не му може: Монструозно забивање на „кралот“ (ВИДЕО)

Кога вака ќе тргне никој ништо не му може: Монструозно забивање на „кралот“ (ВИДЕО)

Вчера Лос Анџелес Лејкерси во својот „Стејплс Центар“ стигнаа до 10-тата победа во сезоната.

Лејкерси беа подобри од Сакраменто и во интересен натпревар славеа со резултат 99:97. Победничкиот тим беше предводен од Леброн Џејмс кој уфрли 29 поени и додаде 11 асистенции.

„Кралот“ имаше и едно монструозно забивање во финишот на првото полувреме со кое покажа дека годините (34) не му можат ништо.

Богдан Богдановиќ беше во одбраната кога Џејмс тргна во продор, а потоа под кошот налета на Немања Бјелица кој не можеше ништо да направи.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лука не запира: Со трипл-дабл го водеше Далас до победа во дербито на Тексас (ВИДЕО)

Девет натпревари беа одиграни изминатата ноќ во НБА лигата, а секако треба да се издвои но…