Дома Фудбал Ковач пред дербито: Борусија е фаворит, тим кој нема слаби страни!

Ковач пред дербито: Борусија е фаворит, тим кој нема слаби страни!

Големиот Баерн Минхен не се плаши да признае дека е аутсајдер во дербито против Борусија Дортмунд.

Вчера лично претседателот на Баварците Ули Хенес призна дека Баерн е аутсајдер во дербито, а денес истото го повтори и тренерот Нико Ковач.

„Јасно е дека Дортмунд е фаворит. Тие се лидери на табелата и имаат четири бода повеќе од нас. Ние сме тие кои треба да ги бркаме, но не смееме да дозволиме разликата да биде седум бода, тоа е премногу“, изјави Ковач.

„Борусија скоро и да нема слабис трани, тие треба да се бараат со лупа. Ние ќе се обидеме да ја играме нашата игра, но овој меч е преногу важен за нас, па поради тоа и притисокот е голем“, додаде хрватскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Договор до 2032, а агентот го испитува пазарот: Што се случува со Гравенберх?

Според непотврдено тврдење на Икс, агентот на Рајан Гравенберх контактирал со европски клу…